Министерот за одбрана на Косово Милош Вучевиќ кажа дека Србија ќе го задржи суверенитетот и безбедноста на своите граѓани, како и дека е посветена на дијалогот.

Но, како што додаде, за мир е потребна волја на повеќе страни.

Вучевиќ кажа дека Србија ќе направи и чекор повеќе за да се зачува мирот и да најде политички договор за да се избегне ескалација.

„За тоа е потребна волја од повеќе страни. Модераторите на дијалогот на Белград и Приштина често се на страната на Приштина. Ситуацијата е напната, многу напната, на Косово и Метохија има запалива атмосфера“, кажа тој.

Коментирајќи ја изјавата на шефицата на германската дипломатија дека ќе биде одбиено барањето на Србија за испраќање војници на Косово според Резолуцијата 1244, Вучевиќ забележа дека таа си дава право да прејудицира одлука, пред Србија воопшто да испрати барање.

„Спремни сме апсолутно да испратиме сили. Србија поради состојбата на теренот бара да се активира таа клаузула на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и така да се зачува безбедноста на Србите, и српскиот имот, црквите и манастирите“, кажа српскиот министер за одбрана.

Кажа дека косовскиот премиер Аљбин Курти сака да создаде атмосфера да ги протера Србите, или да излезе дека Србите ги испровоцирале конфликтите. Зборувајќи за изјавите на Западот, оцени дека американскиот амбасадор Кристофер Хил има коректни изјави, додека шефицата на германската дипломатија и европскиот комесар за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел порачуваат дека „Србите се виновни за тоа што не ги напуштиле местата каде што живеат“.