Игор Малук, шеф на единицата за заштита од радијација, хемиски напад и биолошка заштита на белоруската армија, директно ги обвини Полјаците за употреба на недозволени средства.
-Денес видовме како полските безбедносни служби користат специјални средства кои содржеа иритирачки супстанци против мигрантите, меѓу кои имаше жени и деца, на полско-белоруската граница, рече Малик.
Тој додаде дека употребата на овие средства може да има несогледливи последици по здравјето на луѓето, особено врз видот и дишните органи.