Напаѓачот на Реал, Карим Бензема, проговори за искачувањето на 3. место на листата на најдобри стрелци во историјата на мадридскиот клуб.

– Да се ​​достигне Ди Стефано е сон бидејќи тој е легенда на Реал Мадрид. Се сеќавам како ме прегрна на презентацијата како играч на Реал Мадрид. Ди Стефано ми рече да уживам играјќи за овој голем клуб. Многу сум среќен што сум на негово ниво и тоа ми дава сила да се искачам уште повисоко, изјави Бензема за „Марка“.

Французинот истакна дека ужива во секој ден поминат во Мадрид.

– Дојдов во Реал Мадрид по трофеи без да мислам дека ќе постигнам толку голови. Отсекогаш сум сакал да ме паметат луѓето. Мислам дека сум на вистинскиот пат. Во Мадрид се чувствувам како дома, ми се допаѓа овде. Уживам во секој изминат ден, додаде Бензема.

Триесет и четиригодишниот фудбалер има 212 гола на 407 натпревари за Реал Мадрид. Неговиот договор со мадридскиот клуб е до 30 јуни 2023 година.