Барселона сериозно се вклучи во трката за потписот на Родри и веќе ги остварила првите контакти со неговите претставници. За играчот за врска на Манчестер Сити веќе подолго време е заинтересиран и Реал Мадрид, но преговорите сè уште не довеле до конечен договор.
Според шпанските медиуми, тренерот Ханси Флик лично разговарал со Родри и му порачал дека го посакува во својот тим. Интересот на каталонскиот клуб дополнително се засилил по тешката повреда на Френки де Јонг, кој го очекува подолга пауза. Родри влегува во последната година од договорот со Манчестер Сити, кој за неговиот трансфер би можел да побара меѓу 60 и 75 милиони евра.
Барселона за реализација на трансферот најверојатно ќе мора да продаде неколку фудбалери и да ослободи простор во буџетот. Фабрицио Романо тврди дека и Барселона и Реал можат да ја платат бараната сума, а конечната одлука ќе зависи од желбата на Родри.
