Фудбалскиот клуб Шкендија објави дека потпишале договор со Бесарт Ибраими. Најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига доаѓа од редовите на актуелниот шампион Струга Трим Лум.
Шкендија со задоволство може да го потврди ангажманот на добро познатиот напаѓач, Бесарт Ибраими, стои во соопштението на тетовскиот тим.
Ибраими вели дека е многу среќен што се враќа во Шкендија каде што играше од 2015 до 2021 година.
Многу сум среќен што се враќам во Шкендија, ќе дадам се од себе за овој голем клуб, рече Ибраими.
Во Шкендија тој се враќа по три години, откако во периодот 2015-2021, шест години беше меѓу главните играчи во најуспешниот период на клубот.