Mинистерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека Владата набрзо ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки, за кои засега има 4,55 милијарди денари. Според него, пакетот ќе биде во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите.
„Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки. Дополнително ќе се оди со таргетирање до крајот на годината, за поддршка на најранливите категории, рече Бесими.
Tој информираше и за донесената одлука за прераспределба на буџетот, односно зголемување на ставката плати во јавниот сектор за 4,25 милијарди денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за раст на пензиите, дополнителни 800 милиони денари за земјоделски субвенциии, дополнителни средства за здравството и образованието. Одлуката за прераспределба на годинашниот Буџет што ја донесе Владата на денешната седница, ќе биде доставена до Собранието.