Министерството за внатрешни работи соопшти дека по повод чествувањето на државниот празник Денот на македонската револуционерна борба ќе се реализира зголемена употреба на беспилотни летала. Леталата ќе вршат снимање од воздух на предвидените манифестации во текот на целиот празничен ден.
Според планот за обезбедување на манифестациите, за потребите на државната свеченост просторот на паркингот кај Музејот на современата уметност ќе биде под целосно обезбедување во периодот од 10:00 до 23:30 часот. Полицијата испрати апел до граѓаните навремено да ги дислоцираат своите паркирани возила од оваа локација.
Надлежните служби посочуваат дека на одредени пунктови на теренот ќе биде видливо зголемено присуството на дронови. Од полицијата порачуваат дека сите активности се претходно испланирани и побараа соработка и разбирање од јавноста за непречено и безбедно спроведување на настанот.
