Без снабдување со електрична енергија денеска ќе останат делови од населбите Капиштец и Тафталиџе, како и неколку села во Општина Илинден.

Како што информираат од РЦУК, во периодот од 09.00 до 13.30 часот без струја ќе бидат корисниците на улица „Козара“ на боевите 17, 19, 21 и 28) во населбата Капиштец во Општина Центар, а во периодот од 09.00 до 14.30 часот корисниците од дел од ул. „Осло“ во населбата Тафталиџе во Општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе имаат корисниците од село Илинден на улица „6“ од броевите 1 до 7 и на улица „2“ од броевите 17 до 35, а во периодот од 08.15 до 10.25 часот корисниците од селата Ајватовци, Бујковци, Бунарџик, Мршевци и Грушино во Општина Илинден