Неколку улици во општините Аеродром, Центар, Илинден, Кисела Вода, Карпош и Сопиште, утре ќе останат без електрична енергија.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, утре од 08 до 10 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „1616″, од 08 до 15 часот дел од корисниците од улица „Ганчо Хаџи Панзов”, а од 08 до 15:30 часот, корисниците од општина Илинден што се напојуваат од трафостаниците ДМ Транс, Камфуд, Птичеводство, Волво и Живинарска Фарма.

Без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улица „Речиште” и тоа во период 08:30 до 14 часот, понатаму од 09 до 11 часот, ќе немаат струја и корисниците од булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов” бр.72А, од 09 до 12 часот, дел од корисниците од улиците бр.24 и бр.60 во село Волково, од 09 до 14 часот, дел од корисниците од село Горно Соње – место викано Градско Крувче и во период од 10 до 11 часот, дел од корисниците од село Горно Соње – место викано Подбрег.