Поради скината цевка од страна на приватна фирма на ул. „Корџевска“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од село Драчево.

 

Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 12:45 часот до завршување со санација на дефектот.