Поради дефект на ПП хидрант на улицата „Тодор Александров” бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Водно и дел од Пржино во висока зона.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12 часот до завршување на санацијата на дефектот.