– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека корисниците од улица „Серска“ во населбата Пржино се со прекинато водоснабдување поради санирање на дефект.

Поради уличен водоводен дефект од ф50 милиметри на улица „Серска“ број 5 во населба Пржино, дел од корисниците од оваа улица имаат прекинато водоснабдување од 09:25 часот, што ќр трае до санирање на дефектот, посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“.