Пожарникарите од Велес вчера попладне извлекоа тело од реката Вардар. Околу 14:30 часот бил забележан леш во водите во близина на селото Уланци. Екипата на Територијалната противпожарна единица интервенирала со едно возило и двајца спасители. Тие го извадиле телото и веднаш го предале на надлежните служби.

По интервенцијата, јавната обвинителка Цветанка Богоевска соопшти дека се преземени првични истражни мерки. Таа потврди дека е наложена обдукција со цел да се утврдат идентитетот на починатото лице и причините за смртта.

Регионот околу селото Уланци и реката Вардар претходно бил место на слични инциденти. Во јули 2025 година, по шестдневна потрага, беше пронајдено телото на 16-годишната Теодора Б. Таа исчезна во водите на Вардар кај Уланци. Исто така, во јануари 2018 година, беше пронајден машки леш на 77-годишниот А.Н. во истата област.