Трагедија во Златибор, Србија, каде е пронајдено безживотно тело на 23-годишна девојка, објавија српските медиуми.

Телото на руската државјанка А.З. (родена 2003 година) е пронајдено на асфалтот пред зграда во Златибор.

По завршувањето на истрагата, наредена е обдукција за сигурно да се утврди причината за смртта“, информира полициската управа во Ужице за потврди за РТС.

Според првите и неофицијални информации, девојката е убиена, а на нејзиното тело биле забележани и неколку тешки повреди. Потоа, наводно, била фрлена од тераса на зграда.

Полицијата го опколила подрачјето, обвинителот е на должност на терен.