Безживотно тело пронајдено во опожарена куќа во валандовско село.
– На 21.09.2026 околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово е пријавено дека настанал пожар во ќука во село Пирава, валандовско. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О.(69) од тоа село, информираа од полицијата во денешниот билтен.
Од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана смрт, а за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.
