Официјалната страница на Evrovision Song Contest денес го откри списокот на кои се наоѓаат 41 земја кои ќе учествуваат во 66-то издание на Евровизија.
На списокот повторно се најдоа и Црна Гора и Арменија кои последен пат учество имаа на Еворвизија во 2019 година во Тел Авив.
Поради финански проблеми и долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Босна и Херцеговина за жал ни овој пат нема да имаат претставник на овој натпревар.