Во интервју за Си-Ен-Ен, мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека е многу загрижен за економската ситуација во целиот свет.
Тој оцени дека ќе следи период на забавување на економскиот развој.
Тој го кажа ова одговарајки на прашањето како очекува нападот на Русија врз Украина да влијае на глобалната економија во следните неколку години, пренесува Кликс.
-Ова се случува во екот на пандемијата, за време на која долговите на земјите се веќе многу високи и кога има проблеми во синџирот на снабдување. Веројатно е дека забрзувањето на инфлацијата, која веќе постои во богатите земји, и зголемувањето на каматните стапки ќе резултира со забавување на економијата, рече тој.
Гејтс нагласи дека потојат аргументи кои многу го загрижуваат.
Американското Министерство за финансии и централните банки на земјите ширум светот ги зголемија каматните стапки за да ја ублажат инфлацијата. Некои сметаат дека растот на каматните стапки е пребрз и дека тоа може да предизвика рецесија.
Банките од Волстрит немаат исто мислење за тоа колку сериозно економијата ќе биде погодена од инфлацијата и дека има сериозни показатели дека инфлацијата е веќе на својот врв, пишува Business Insider.