Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат, објави парот во понеделникот.

-После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак, твитна коосновачот на „Мајкрософт“ во понеделникот.

-Повеќе не веруваме дека можеме да растеме заедно како двојка во следната фаза од нашите животи.

Бил Гејтс се оженил на први јануари 1994 со сопругата Мелинда. Таа имала 33 години, а тој имал 42 години. Имаат три деца, Џенифер Катарина(1996), Рори Џон(1999) и Фиби Адел(2002).

Во 2000 година со неговата сопргуга Мелинда Гејтс ја основаат “Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс” преку која имаат донирано околу 28 билиони долари.