Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави цените на билетите за пријателскиот натпревар против Ерменија која ќе се игра во Струмица.

На 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, Македонија ќе ја пречека Ерменија во пријателски натпревар.

Цените на влезниците за овој меч се 200 денари. Продажбата започна, а влезници може да се купат преку продажната мрежа на MKTickets и на билетарата во спортската сала во Струмица.