Џенифер Лопез уште еднаш ја потврди својата препознатлива модна храброст на јавните настани. Популарната пејачка и актерка се појави во атрактивно модно парче кое откриваше голем дел од нејзината фигура.

модно издание на Џенифер Лопез

Таа веќе подолг период го привлекува вниманието на јавноста со своите изјави поврзани со разводот од Бен Афлек, но и со смелите модни комбинации што ги избира за црвениот тепих.

Џенифер Лопез во црна креација

По неодамнешното појавување во креација од тантела која речиси целосно ѝ ги откриваше градите, таа повторно изненади со комбинација во „гола“ нијанса. Овој пат изборот падна врз модни парчиња од чипка со кои ги истакна сопствените атрибути.

Џенифер Лопез на премиера

Џеј Ло присуствуваше на премиерата на концертниот филм „The JLo Show“ во Лос Анџелес. За забавата организирана по настанот, таа облече црн, целосно проѕирен фустан од тантела со длабоко деколте до папокот, под кое јасно се гледаше нејзината долна облека.

Џенифер Лопез фустан Долче и Габана

Тоалетата го носи потписот на модната куќа „Долче и Габана“, ја следи линијата на телото и максимално ја истакнува нејзината витка линија.

стил на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез на црвениот тепих