Ранчиќ полумаратонската делницата од 21 километар ја истрча за 1:18:27 часа, додека Кираџиева триумфираше минувајќи ја патеката за 1:31:29 часа.
На рекреативната петкилометарска трка победи Муџахид Мислимоски со постигнато време 18:38 минути, додека во женска конкуренција прва на целта пристигна Николина Милевска – Велјаноска 24:17 минути после стартот.
Во тим-билдинг трката победници и во машка и во женска конкуренција се екипите на „Најк Ран“ клубот од Скопје со вкупно време 6:17:35 односно 7:50:24 часа колку што им беше потребно на четворицата атлетичари да го истрчаат полумаратонот.
На пет километри победници во двете категории се екипите на ИПА од Скопје кои патеката ја истрчаа за 1:26:00 часа во машка односно 1:46:51 часа во женска конкуренција.
На јубилејното петто издание на „Охрид трчаТ“ учествуваа околу 650 натпреварувачи, а бројот учесници беше ограничен поради протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот.
Ова издание на спортско-рекреативната манифестација помина во знакот на поддршка на лицата со ретки болести, кои и самите беа дел од натпреварувањата.