Во јавноста сѐ погласни се критиките насочени кон Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат кој го промовираше политичката партија Левица утрово. На оваа тема краток Фејсбук статус објави и главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев.
Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:
Имаш две деца кои живеат на запад, а секој ден шириш пропаганда против западот.
Имаш две деца кои не ја споделуваат нашата судбина, не живеат во една од најнеорганизираните и најсиромашните земји во Европа а сакаш да бидеш претседател на таа земја.
Се викаш Билјана Ванковска. Ти си синоним за интелектуалната хипокризија на една земја, закопана на дното, пишува Златев.