Германската компанија, која ја разви првата широко одобрена вакцина против коронавирусот заедно со американскиот партнер Фајзер, планира да почне клинички испитувања за безбедна и високо ефективна вакцина против маларија до крајот на следната година.
Бионтек информира и дека сака да отвори фабрика за производство на мРНА вакцини во Африка, која спаѓа во регионите кои се борат да добијат доволно дози од вакцината против Ковид-19.
Компанијата претходно соопшти дека работи на кандидат за вакцина против туберкулоза, за која клиничките испитувања треба да започнат во 2022 година, како и на терапии за неколку видови карцином.