Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати.
– Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24.
Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари.