Откако лидерот на опозицијата Мицкоски алармираше дека цената ќе расте и гас има до крајот на годинава, Бислимовски вели, состанок имало, но со ТЕТО, а не со БЕГ и за вакво нешто не станувало збор. Свесен е дека цената на гасот на берзите расте, но уверува дека нема да се дозволи граѓаните да го почуствуваат тоа. Апелира да се престане со шпекулации во јавноста за скок на цените.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски пак посочи дека за да не дојде до поскапување на парното, државата треба да интервенира со 25 милиони евра.

Од БЕГ пак посочија дека нема да коментираат.

Бислимовски вели дека и да се дојде до ситуација да расте цената, ќе се разгледаат сите опции. Не ја исклучува можноста и од целосно бришење на ДДВ за топлинска енергија.

И од Владата велат дека ја следат состојбата на меѓународните пазари. Ако има потреба ќе се носат мерки, но не прецизираа дали ќе се зголеми и сумата за помош во енергетиката. Во моментов изнесува 65 милиони евра и според енерегтичарите оваа сума е мала, со оглед на тоа што за набавка на струја за само неколку дена потрошени се над 10 милиони евра.

Изминатиот период и цената на гасот и на струјата руши рекордни на светските берзи.