Инфлацијата во јуни во однос на мај оваа година, бележи намалување од 0,5 %, а цените на мало од 0,8%, објави денеска Државниот завод за статистика.
Намалување на трошоците на животот е забележано кај Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %. Зголемување на трошоците има за рекреација, ресторани и останати ставки.
На годишно ниво пак инфлацијата е зголемена за 3,4 %, а цените на мало за 3,6 %, објави Државниот завод за статистика.
Но, ако добро се анализираат податоците на Статистика, ќе се види дека растот на цените кај виталните производи продолжува да забавува.
Посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалоци е 2,5 проценти, додека кај облеката и обувките е 2,1 процент.
Од податоците на Статистика се гледа дека годишната инфлација во јуни ја зголемуваат алкохолните пијалоци, тутун и наркотици со 9,3% и транспортот со 6,2%.
Според експертите забавувањето на растот на цените на основните производи значи дека цените растат, но со побавно темпо од претходиот период. Во минатото бевме сведоци кога на дневна основа се менуваа цените во маркетите, а граѓаните не можеа да сврзат крај со крај од вртоглавиот раст на цените на основните производи.
Сега потрошувачите можат да здивнат. Бројките кажуваат дека помала инфлација значи помал притисок врз семејниот буџет, куповната моќ се стабилизира, па така граѓаните можат да купат повеќе со истите приходи.
Во конкретниот случај, ако годишната инфлација е 3,4%, а кај храната и безалкохолните пијалаци е 2,5%, тоа значи дека токму кај производите што најчесто ги купуваат домаќинствата, поскапувањето е поумерено од просечната инфлација. Дополнително, податокот дека во јуни, во споредба со мај, трошоците за храна и безалкохолни пијалаци се намалиле за 1,1% укажува дека дел од производите биле поевтини на месечно ниво.
Во однос на регионот пак, Македонија бележи пониска инфлација од повеќе соседни држави. Во јуни инфлацијата во Грција изнесува 3,9 проценти, во Хрватска 4,5 проценти, во Бугарија 5,6 проценти, во Словенија 3,6 проценти, додека Турција има инфлација од 32,11 проценти.
Грција – 3,9%
Бугарија – 5,6%
Хрватска – 4,5%
Словенија – 3,6%
Турција – 32,11%
Во останатите земји од регионот кои последните податоци се објавени за месец мај , исто така покажува повисока инфлација во однос на Македонија.
Косово – 6,8%
БиХ – 5,6%
Црна Гора – 3,6%
Србија – 3,5%
Албанија – 3%
Ако направиме друга споредба во однос на инфлацијата и ги земеме за пример двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија врз Украина и втората од неодамна со нападот на САД на Иран, тогаш бројките се следни
Јуни 2026 – 3,4%
Јуни 2022 – 14,5%
Ова, според експертите значи дека оваа Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ на чело со премиерот Христијан Мицкоски, многу подобро се справи и се уште се справува со влијанието од надворешните фактори.
Владата на ВМРО ДПМНЕ во однос на претходната на СДСМ успеа да го ублажи влијанието на надворешните шокови врз домашната економија и да го зачува стандардот на граѓаните, а инфлацијата во Македонија да остане на значително пониско ниво од минатото.
