„Со Законот за солидарен данок воведовме нов данок за една година и кажавме дека тие средства се за антикризни мерки за граѓанит. Сметаме дека изминатата годиан беше кризна и тешка и компаниите треба да вратат назад и да покажат општествена одговорност. Тие успеале да направат екстраординарни приходи во такви услови“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во утринската програма на МТВ.

Тој додаде дека критериумот за плаќање на солидарниот данок е остварување на дополнителен раст над 20% од вообичаеното, а не се оданочуваат компаниите кои имаат вообичаен раст.

„Затоа се опфатени само 150 компании. Данокот за солидарност не е казна, бидејќи тогаш ќе се постави и прашањето дали тие што креирале таков профит минатата година, не ги казниле крајните потрошувачи и граѓаните. Имаме 70 илјади регистрирани правни субјекти во државата, а ние зборуваме за бројка од 150 компании кои се опфатени со данокот“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека овој данок се применува само еднаш оваа година и дека е креиран следејќи ги практиките во земјите-членки на ЕУ.