Во моменти кога тишината зборува повеќе од гласната пропаганда, додека стравот се обидуваше да ја надвладее волјата и кога купени ветувања се нудеа за ситни интереси – Вие, одлучните граѓани на Шуто Оризари, одбравте достоинство.

Пишува: Неждет МУСТАФА

Сакам од срце да Ви се заблагодарам за поддршката што ја покажавте во првиот круг од изборите. Вашиот глас за Коалицијата ,,Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот за градоначалник Ерџан Демир и советничката листа бр.9, не беше само глас за кандидат или партија – туку за честа, правдата и иднината на нашата заедничка Шутка.

Во време на интензивни притисоци, отворени уцени и обиди за поткуп, Вие одбравте да не се покорите, туку да се исправите, да не молчите, туку да гласате. Тоа не е само политички чин – тоа е граѓански отпор. Храброста не секогаш значи да излезеш на улица, понекогаш значи да застанеш на гласачкото место и да кажеш: „Не се продавам.“

Ова не беа обични избори, ова беше битка за достоинство, за огниште што ни го имаат оставено нашите предци, и истото треба да им го предадеме „незгаснато“ на нашите идни генерации. Вашата одлука во првиот круг беше глас за совест и силна визија.

Сакам да Ви честитам за зрелоста и одговорноста што ја покажавте. Вистинските промени не доаѓаат однадвор, тие почнуваат од секој поединец кој решава да не се поклони пред неправдата. Но битката не е завршена, Курто Дудуш мора да биде поразен! Состојбата за советничката листа на нашата општина не дозволува да го изгубиме она што ни остана како можност, а тоа е идниот градоначалник (Ерџан Демир) да ја задржи функционалноста
на советот и интересите на заедниците.

Вториот круг на изборите е пред нас и тој претставува продолжение на оваа борба. Знам дека ќе застанеме исправени и цврсти. Знам дека нема да дозволиме да ни ја украдат иднината. Нашите предвидувања како политичка партија ОПЕР се остварија, и нашите анализи со нашите партнери во коалицијата беа споделени. Ја одбранивме Шутка во првиот круг, останува да донесеме голема, заедничка победа во второто полувреме.

Ве повикувам на храброст и чесност, со целиот наш интигритет да му ставиме крај на сум годишното, катастрофално и понижувачко владеење на Курто Дудуш. Но, и да им ги затвориме вратите на сите оние кои со интриги се обидуваа да го уништат единството и сплотеноста на Коалицијата ,,Твоја Македонија“.

На 2ри Ноември, народот на Шуто Оризари ќе победи. Овој датум ќе биде ослободување од непотизмот и клиентелизмот и почеток на една Шутка која ќе се развива во модерен и урбан центар за живеење, со зачувување на традиционалните и семејни вредности.