Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост за пристигнувањето на руски војници во Казахстан, нагласувајќи дека тешко ќе се повлечат.
-Лекцијата од поновата историја е дека кога Русите се во вашата куќа, понекогаш е многу тешко да ги истерате, предупреди државниот секретар на прес-конференција во Вашингтон.
Казахстан беше погоден од најжестоките протести откако земјата стекна независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, при што загинаа десетици демонстранти. Протестите почнаа во западниот дел на земјата поради наглото поскапување на горивата, но набрзо се проширија и укажаа на пошироко незадоволство од состојбата во земјата, со која иста партија владее од стекнувањето независност.