„Пукна тиквата“ меѓу Данела Арсовска и нејзиниот близок соработник Умејр Муамеди. „Со Али Ахмети мене не можат да ме спојат милијарди а не 60.000 денари, бидејки имам принципи“, пишува досегашниот советник и соработник на Арсовска со Фејсбук статус.
Муамеди објаснува дека притисоците на ДУИ и СДСМ кон Арсовска биле иницијалната каписла за нивно разделување.
На Данела Арсовска сакам да ѝ се заблагодарам за можноста што ми ја даде на само 21 година да бидам нејзин соработник и советник. Притисоците од ДУИ и СДСМ кон Неа за мое дистанцирање беа очигледни и дојде моментот што јас да треба да земам плата а да не сработам ништо (нешто што не ме карактеризира како човек). Моите антипредавнички ставови и моето вклучување во протестите беа причина плус, вели Муамеди.
Тој вели дека со Али Ахмети ништо не може да го спои, а воедно се заблагодари и на искрената поддршка.
На Градоначалничката и посакувам многу здравје и успешна работа. Со Али Ахмети мене не можат да ме спојат милијарди а не 60.000 денари, бидејки имам принципи. Мојата поддршка нема да ја замени никој, бидејки беше искрена. На сите Вас што ми давате поддршка Ви благодарам од срце. Нема да Ве разочарам никогаш. Македонија пред се!, заклучува младиот Муамеди.
Претходно, во текот на денот Муамеди напиша и други статуси, но ги избриша поради притисоците со кои се соочувал.
Данела Арсовска полека ги губи сите соработници и по ваквите статуси целосно оправдан е сомнежот за нејзина соработка со ДУИ и СДСМ.