550 сензори за мерење на шеќер во крвта конечно обезбеди државата и оние кои се соочуваа со овој проблем отсега имаат големо олеснување.

На близначки Јана и Јована дијагностицирана им е истата состојба, дијабетес тип 1. Боцкањето пет пати дневно ќе биде минато, не само за нив, туку за 650 пациенти со тип 1 кои ќе добијат сензор.

Јана има дијабетес тип 1, 11 години. Ова бил вториот удар за семејството Симоски, бидејќи една година претходно на близначката на Јана, Јована и била дијагностицирана истата состојба. Тие се првите деца со дијабетес тип 1, кои почнаа да ги користат сензорите за мерење на шеќер во крвта што ги набави државата, а на нив чекаа пет години. Боцкањето пет пати дневно ќе биде минато, не само за нив, туку за 650 пациенти со тип 1 кои ќе добијат сензор.

Засега е неизвесно, дали ќе има сензори откако ќе станат полнолетни.

Околу 45 илјади пациенти во Македонија кои користат инсулинска терапија добија ленти за мерење шеќер во крвта, но сè уште ги чекаат глукомерите.