Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес беше во посета на две градинки во Скопје.

По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Тренчевска заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, беше во посета на градинката „Мајски цвет“ од Карпош и беше дел од активностите што беа спроведени како дел од церемонијата за одбележување на денот. Градинката функционира уште од 1965 година со една работна единица и 15 вработени со вкупно згрижени 108 деца. Денес, јавната детска установа дејноста ја остварува во четири објекти со 81 вработен и вкупно згрижени 787 деца.

Воедно, Тренчевска беше присутна и на патрониот празник на градинката „13 Ноември“ во општина Центар заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Јавната детска установа постои уште од 1951 година и е една од најстарите предучилишни установи во Скопје. Моментно во градинката се згрижени 911 деца, кои се распределени во 4 објекти, а за нив се грижат 127 вработени.

Тренчевска при посетата на градинките истакна дека ова се градинки што означуваат традиција во згрижувањето на децата и дека нивното долгогодишно функционирање го означува квалитетот на работата во нив.