Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) ќе почнат со генерален штрајк, ако не добијат зголемување на платата за 30 отсто до 27 јуни.

Претседателот на синдикатот, Васе Неденовски посочи дека со ваквиот чекор ќе биде блокирана цела држава.

Синдикалната организација „Солидарност“ при УЈП од 15 јуни секојдневно во знак на протест ја прекинуваат работата во периодот од 10 до 12 часот.