Ивица Боцевски екс амабасадорот во емисијата „ Утро со Златев“  се осврна и на политичката состојба во земјава.

СДСМ имаше приказна која ја продаваше и екскалираше со Шарената револуција, тие го заробија вниманието на една нова генерација во Македонија, и приказната беше дека со промена на Владата , институциите ќе се сменат радикално и ќе се разбудиме во Шведска, па ќе престанеше миграцијата, па ќе почнеа луѓето да се враќаат назад.

Ваквите настани како пандемија кои радикално го трансформираат општеството, на пауза ја ставаат политиката.  Мислам дека после короната ќе следи далеку поголем интерес кај граѓаните за политиката.  Сите сме дома, носиме маска, сите ние сме фокусирани на една точка. Кога ќе заврши пандемијата или кога ќе стане помалку значајна за нашите животи, тогаш интересот за политиката ќе порасне.  Ќе видиме што значи тоа за политиката, изјави Боцевски.

Коментирајќи го изборот на Зоран Заев за лидер на СДСМ , Боцевски изјави дека неможе да има избор со еден човек.

За да има избори, треба да има избор. Неможе да има избори со еден човек. Внатрепартиски избори постојат како „Институт  во неколку земји, предничат САД,  Ако е еден изборот , дали се бира со аплауз или поинаку, исто е, внатрепартиски избори има ако реално се одвива процес. Ова е СДСМ на Зоран Заев конечно, внатре во паријата е неприкосновен. Половина од тие што седат на маса таму, незнаат како изгледа Бранко Црвенковски.  Ова што е денеска СДСМ, далеку е од она СДСМ на Бранко Црвенковски, во моментов тоа е целосна негова партија, изјави Боцевски.

Се лажат тие што мислат дека народот има помнење како риба . Изгубен е легитимитетот. Не смееме да правиме потценување на колективната мудрност на еден народ.