Во емисијата „Утро со Златев“ гостува Ибица Боцевски, екс амбасадорот во Бразил каде разговараше за актуелните општествени, политички и економски теми. Во однос на економскиот развој и инвестициите, тој ја искоментира состојбата во соседна Србија, споредувајќи ја со Македонија.
„Република Србија до скоро имаше инвестиции по глава на жител помали од Македонија, а денес не претрка и за нас сега е Германија. Еве видовте и со вакцините кое чудо го направија, кај нив продолжува темпото на инвестирање и тоа го менува општеството. Ме фасцинира делот во инфраструктурните проекти, таа дава мобилност , поврзанот и во регионот. Регионалниот пазар е поинтересен за меѓународните инвеститори. Нештата таму врват на еден поинаков начин, изјави Боцевски.