Тој порача дека СДСМ гради патишта наместо споменици, гасоводи наместо фонтани, водоводи и канализации наместо фасади и барок, а се градат и над 600 социјални станови низ целата држава.

-Нема да застанеме овде, ние за 4 години изградивме и рехабилитиравме над 1.000 километри патишта, ВМРО-ДПМНЕ за 11 години изгради 650 километри, разликата е јасна. Ветиме НАТО, влеговме во НАТО, сега државата ни е безбедна, со ВМРО-ДПМНЕ никогаш немаше да бидеме во НАТО, никогаш немаше да биде државата во сигурни граници, порача Бочварски.

Сакаме напред, не сакаме назад, не сакаме да стоиме во место, затоа продолжуваме како и досега, да бидеме постојано со граѓаните и заедно да ги градиме политиките, истакна Бочварски на трибината на СДСМ под мотото “Најдоброто за нашата општина“ во Дебар.