По денешните апели на еколошките здруженија и поединци за да се изостави годинава палењето на огнот заради големото загадување, со спортивен став се јави инфлуенсерот Никола Николовски – Боемот кој вели дека не смее да се прекине традицијата со коледарски оган.

Без оглед дали станува збор за пагански обичај или за традиција, вечер, во пресрет на Коледе и Бадник, се очекува да се палат коледарски огнови. Граѓаните од повеќе населби низ Скопје, уште минатиот месец ги почнаа подготовките, што значи дека организирано се собираа средства за да се набави сето она што традиционално се принесува околу огнот – топла ракија и посна храна.

Ставот на Боемот го пренесуваме во продолжение:

ДА ЗА КОЛЕДАРСКИ ОГНОВИ!

Во текот на денешниот ден гледам повеќе апели да не се палат коледарски огнови бидејќи требало да се внимава на загадениот воздух. Искрено, во секоја друга ситуација би ги разбрал овие коментари, но денеска не.

При прекумерно градење згради, греење на дрва, загадувачи како големи индустриски објекти во центарот на градот и уште стотици други фактори кои сите ги знаеме некои се фатиле баш за огнот и даваат апели да не се пали. НЕ се согласувам, оган мора да се пали. Зошто се однесуваат како огнот на Бадник да е најголем загадувач во Скопје?

Недвосмислено сметам дека ТРАДИЦИЈАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИЗОСТАВИ. Со должна почит кон еколошките здруженија вечер се гледаме на греана ракија, посна сарма, гравче и добар муабет со соседите. Се разбира и добра македонска музика. На здравје боемијо!

Боемот 2.0

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)