Познатиот Инстаграм инфлуенсер Никола Николовски кој пишува под псевдонимот Боемот се осврна со коментар околу инцидентот со Пендиков, а тој поентира дека „Единствен полош од Турчинот е потурчениот“. Неговиот текст ви го пренесуваме во прилог.
Случај Христијан Пендиков: Која е вистината за претепаниот „Бугарин”?
Откако спласнаа емоциите и поминаа неколку дена од претепувањето на „Бугаринот“ Пендиков време е да ги погледнеме фактите. Најпрво би ја споделил со вас информацијата дека со Христијан се допишувавме преку овој профил и сме делеле ист став на многу теми како: Црвен крст, брзи кредити, патриотизам, ЛГБТ итн. Но, пред извесно време (најверојатно ова лето) сум добил „анфолоу“ и оттогаш сум немал контакт. Значи, од тоа што го знам за него до пред половина година е тоа дека станува збор за личност со квалитетни размислувања.
На прашањето „Кој е Христијан Пендиков“ водејќи се според бугарската „Фондација Македонија“ можеме да забележиме дека тој е волонтер на Црвен крст и дека е претепан само бидејќи е Бугарин. Но, она што заборава да го каже оваа бугарска фондација е тоа дека кај Христијан пред повеќе од еден месец е пронајдена дрога (кокаин) и против него е поднесена кривична пријава. Оваа вест ја потврди и претседателот Пендаровски. Значи оттука на сите може да ни е јасно која е позадината зад овој инцидент, а тоа се НЕРАСЧИСТЕНИ ДОЛГОВИ.
Пендиков немал бугарски пасош, а барање поднел пред помалку од еден месец. Се наметнува и прашањето: Како Бугарија ангажира владин авион за човек којшто НЕ е нивни државјани? Значајно е да се напомене дека Пендиков во полиција изјавата ја сменил три пати, а тоа само ги потврдува нелогичностите.
Христијан е „жртвено јагне“ на бугарската пропаганда во Македонија. Од мои пријатели дознавам дека неговата фамилија се декларираат како Македонци и дека работата на Христијан како секретар во бугарскиот клуб е исклучиво „за пари“. Во оваа пригода ги прашувам македонските институции зошто МОЛЧАТ за мотивите и причините за инцидентот и зошто НЕ ги демантираа лагите на бугарското МНР и „Фондација Македонија“?
Од тепањето на Пендиков добива единствено Бугарија во Брисел и сега имаат „оправдани мотиви“ за вето. За крај ќе ја искористам поговорката на нашиот народ: „Единствен полош од Турчинот е потурчениот“. Така и во случајов. Се надевам дека Пендиков ќе има памет во глава, а непромислените потези да слугува на Бугарија ќе бидат минато.
Проклети да се предавниците!
Боемот 2.0
П.с. Околу изреката „Единствен полош од Турчинот е потурчениот“ сакам да објаснам дека иако оваа народна фраза е многу лошо настроена кон сограѓаните Турци, ја пишувам без намера да ги навредам. Изреката е создадена пред неколку векови кога сме биле под турско ропство, а околностите денес се многу поразлични.
Во продолжение како изгледа тоа на Инстаграм:
View this post on Instagram