Се доаѓањето на зимската сезона кога заладува, секоја година одново се поставува прашњето: Дали треба да се пушат цигари во затворени простории.

На оваа тема се огласи и инфлуенсерот Никола Николовски „Боемот“.

Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:

НЕ за пушење цигари по затворени простории и детски игротеки!

Секоја година штом заладува, кога ќе влезам во кафич ми текнува на стиховите од Тоше Проески: „Магла пак ме покрива“. Влегувам во кафич среден, а излегувам усмрден како да сум бил на копање. Усмрдена облека, тело и коса, но и непријатен и штетен мирис по нашето здравје.

Во нашата држава не се применува Законот. Се знае – цигари се пушат на тераси, а во сите локали мора да има и простор каде непушачите ќе може на раат да седнат. Што е до мене, треба и IQOS да прекине да се пуши по затворени места бидејќи и тие смрдат, но прво да ги решиме цигарите. Дискотеките и кафаните не ги спомнувам, таму е дива лига. Речиси секаде владее безредие. Згора на сѐ, она кое страшно загрижува е тоа што се пуши и по ДЕТСКИ игротеки каде се загорзува здравјето на децата.

Време е да го ставиме здравјето на прво место, но и законите конечно да почнат да се почитуваат. Доста ми е од усмрдена облека, коса и тело. Не за пушење по затворени локали, не за пушење по детски игротеки!

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

Утрово беше и изјавата на СЗО каде се апелира да се зголемат акцизите за цигарите со цел полека да се искорени пушењето.

Воедно актуелни се и кампањите за намалување на пушењето. Достапноста, ниските цени на цигарите и малата едукација се посочуваат како најголем проблем.