Секторот за посебни истражни мерки кој согласно закон ќе има надлежност за следење на комуникации и физичко следење ќе почне да функционира. Директорот Стефан Богоев во интервју за фронтлајн.мк вели дека Секторот се доекипира.
„Царинската управа го има како законска надлежност, а имаме и опрема која не е ставена во функција. Криминалците ги користат сите технолошки средства за измами, што бара соодветен одговор, односно ставање во функција на сите технолошки капацитети и стручни кадри кои ќе дадат соодветен одговор во спречување на криминалните дејствија“, вели директорот Богоев.
Покрај Секторот за посебни истражни мерки, Богоев вели дека интензивно се разговара со меѓународните институции за набавка на боди камери за царинските службеници на граничните премини, како и ставање во функција на системите на паметни камери кои што сега ни е во завршна фаза набавката преку Светска банка.
Со зголемување на капацитетите за борба со криминалот и сузбивање на корупцијата, при истовремено зголемување на транспарентноста и информирањето на јавноста за последиците од вршење криминални дејствија се очекува намалување на обидите за противзаконски дела и активности.