Сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега, изјавил Стефан Богоев во интервју за „БИРН“.
Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата. Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател, вели Богоев за БИРН.
Извршниот одбор на СДСМ, по потврдувањето на повлекувањето од функцијата на претседателот на партијата Димитар Ковачевски, на вчерашната седница ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.