„Хелт тајмс“, повикувајќи се на група експерти од провинцијата Шанкси, каде се наоѓа градот Ксијан, пишува дека Лиу била заразена откако случајно била изложена на вирусот додека работела во одделот за карантин на болницата.

Таа примила две дози од вакцината помеѓу јануари и февруари, објавија државните медиуми.

Зенг Гуанг, поранешен главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола и превенција на болести вели дека вакцината не штити 100 проценти од болеста и е релативно безбедна, а не апсолутно безбедна и дека јавноста не треба да се сомнева во домашните вакцини заради овој случај.

-Стапката на ефикасност на домашните вакцини во спречување на тешки случаи на инфекција со коронавирус во Кина е повеќе од 90 проценти, а вкупната стапка на заштита е повеќе од 70 проценти, рече Зенг, додавајќи дека болниците кои лекуваат Ковид-19 се области со висок ризик во кои можноста за инфекција не може да се исклучи дури и кај вакцинираниот медицински персонал.

Триесет и тројца вработени кои работеле во болничкиот оддел со Лиу имале негативни резултати од тестот.

Кина во моментов има четири домашни вакцини против коронавирус за јавна употреба, а петтата вакцина е одобрена за итна употреба.

Кина до денеска вакцинира 70 милиони луѓе против коронавирус, објавија државните медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија.