Експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета.
Како што соопшти полицијата, на 16.08.2026 околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во селото Бардовци, Скопско кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата.
Бил скршен прозорец, оштетено било патничко возило, портата и друго.
