Клуге организираше видео конференција насловена „Патоказ за здравство на Западен Балкан 21-25“, на која присуствуваа министрите за здравство од Југоисточна Европа и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, кој истакна дека по пандемијата, во јавното здравство, но и во сите други области ништо повеќе нема да биде исто.

Верхеји најави и програма за поддршка на здравствените системи на земјите од Југоисточна Европа, во вредност од 28 милијарди евра, до 2025 година, со цел да се надминат последиците од пандемијата и понатамошно подобрување на здравствените системи, се додава во соопштението.