Борба со пожарите во штипскиот регион на Серта сè уште се води. Eден крак е активен, на потегот кај селата Селце и Драгоево, а огнот се шири кон ловиштето каде гори дабова шума, смрека и нискостеблеста вегетација, се интервенираше и од земја и од воздух. Имаше пожар и на влезот во Штип, на терен и министерот за внатрешни работи Тошковски и директорот на ЦУК, Ангелов.
Оттаму апелираа граѓани да избегнуваат движење во шумите и секоја сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме.“, потенцираше министерот Тошковски. Два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици дејствуваа на повеќе локации каде што имаше пожари во реонот на Богомила, с. Габровник и с. Мокрени.
Хеликоптерот „Бел 412“ во 20 налети исфрли 30 тони вода, а хеликоптерот „Ми 171“ во 14 налети исфрли 38 тони вода. На овој начин е спречено пожарот да се прошири кон селата, но сепак на повисоките места и во пределите со густа шума истиот не е локализиран и сè уште е активен.