Тој потпиша договор до јануари 2023 година и го одржа првиот тренинг со тимот.
– Му посакуваме топло добредојде на Борче Христов на тренерската функција. Веруваме дека со неговото долгогодишно искуство ќе воведе новитети во работата со тимот и Работнички ќе се движи во позитивна насока. Сите заедно сме ќе бидеме во функција на светла иднина на клубот, изјави спортскиот директор на „романтичарите“ Горан Станковски.
Христов ветува напорна работа и се надева дека многу брзо тимот ќе почне да функционира според неговитÐ µ замисли.
– Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на клубот. Работнички е голем предизвик за мене, можам да ветам напорна работа. Тимот поседува голем потенцијал, млади и талентирани фудбалери и ќе се потрудиме да го развиваме во вистинска насока, истакна новиот тренер.
Борче Христов на тренерското место во Работнички го наследува Александар Влахо кој вчера си поднесе оставка поради слаби резултати.