– Три пати се отрув со никотин. Навистина е страшно кога треба толку многу да пушите пред камера!, нагласува актерот.

Камбербач глуми сопственик на најголемиот ранч во американската сојузна држава Монтана. Како што раскажува глумецот, тој пушел нефилтрирани цигари и тоа го направил за целосно да влезе во ликот.

– Сакав луѓето во собата „да ме помирисаат“. Сепак, беше тешко, рече тој.

Камбербач откри со нетрпение и малку трема го очекува продолжението на „Доктор Стрејнџ“ во 2022 година, во коешто повторно ќе се појави во главната улога. – Се плашам бидејќи првиот филм постигна огромен успех, а доктор Стрејнџ стана многу сакан лик, изјави глумецот.

Според истражување објавено во февруари, една сосем друга улога на Камбербач – Шерлок Холмс е најпопуларниот британски херој на сите времиња, меѓу гледачите на Би-би-си.