Реакцијата на Борел доаѓа по денешните раноутрински упади на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население и до десетици повредени, од кои едно лице е во животно загрозувачка ситуација.

Српското државно раководство во првичната реакција ја осуди оваа, како што ја нарече „налудничава политика на Приштина“ и од меѓународната заедница, КФОР и ЕУ побара да го „заузда Албин Курти“, бидејќи ситуацијата била „ на работ на хаос“.