Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов кажа дека по презентирањето на кандидатурата на Митов, партијата веднаш ќе го врати мандатот, а пред тоа на претседателот ќе му претстават состав на бугарската Влада.

Во последните денови, наведе Борисов, немало бугарски политичар кој не кажал дека тоа што се случува во Бугарија е хаос.

-Единствено нашиот слоган се покажа точен. Време е за нешто друго, видовте што е другото – хаос, додаде Борисов.

Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Даниел Митов беше кандидат за премиер од ГЕРБ-ДПС по претходните парламентарни избори, на 4 април, но тогаш другите политички партии не го поддржаа и овој обид пропадна.