Хаосот што го создадоа е видлив, ЦИК спие, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов за текот на денешните избори во Бугарија.
Според него на изборните места се регистрирани расипани гласачки машини, нема принтери, во некои нема хартија, тотален хаос, пренесе БГНЕС
– Зошто им се воопшто изборите кога и сега ја имаат целата власт. Чекам да излезат изборните резултати, да видиме што направија – тврди Борисов, кој според оценките во бугарските медиуми создава терен за непризнавање на резултатоте ако изгуби.
– Благодарен сум му на Господа што нè оставија живи, како не затворија, не нè убија. На оваа жештина луѓето стојат во редици, километарски, има прекин на струја, запрени гласачки маѓини, луѓето стојат со часови